Американскиот помошник државен секретар, Џејмс Кели замина во Кина без многу врева и без вообичаената најава до новинарите.
Претставници на американската амбасада во Кина потврдија дека Северна Кореја е една од точките по кои ќе се разговара со кинеските официјални претставници, но притоа не дадоа повеќе детали.
Господинот Кели е човекот кој на севернокорејските претставници им се спротистави со докази дека продолжуваат да работат врз програмата за нуклеарно оружје, иако Пјонгјанг, со договорот од 1994-та година, вети дека процедурата ќе престане.
Кина е сосед на Северна Кореја и е еден од малкуте пријатели на овој променлив режим.