Линкови за пристапност

Снајперистот во околината на Вашингтон и натаму во бегство - 2002-10-14


Меѓу повредените е и најмлaдата жртва на нападите, 13 годишен ученик. Шефот на полицијата во областа Монгомери, Чарлс Мус, вели дека властите напредуваат во истрагата,но притоа не даде никакви детали. Полицијата воспостави специјална телефонска линија и и-меил адреса, на која граѓаните можат да испратат корисни информации во врска со нападите.

Претседателот Буш кажа дека е му е мачно што ладнокрвниот убиец е се уште на слобода, и кажа дека ги ставил на располагање сите расположиви ресурси на федералната влада со цел убиецот да биде пронајден што е можно побргу.

Властите, врз основа на исказите на сведоци од повеќе локации каде што се случија нападите, објавија слики на камион што најверојатно го користи снајперистот. На нив е прикажан бел камион со нечитлив натпис по должина на товарниот дел, со кој, согласно исказите на сведоците, бил изведен последниот напад. Властите, врз основа на сведочењата од претходните напади, бараат и помало, бело мини-комбе, што го отвора прашањето за тоа колку лица или возила се вмешани во снајперските напади.

Чарлс Мус, шеф на полицијата во областа Монтгомери, каде што се случи првото убиство вели:

„Се обидуваме да бидеме јасни, ништо не исклучуваме. Се обидуваме да бидеме отворени во однос на сите можности. Сакаме доказите и фактите во случајот да ги водат истражителите во разрешување на случајот“.

Сите жртви се погодени од далечина додека вршеа секојдневни, рутински работи, како полнење гориво на бензинска пумпа, или пазарување.

XS
SM
MD
LG