Линкови за пристапност

Федералната влада нуди помош во потрагата по снајперистот - 2002-10-11


Портпаролот на Белата Куќа, Ари Флејшер вели дека претседателот Буш сфаќа какви проблеми создаваат овие убиства за жителите на главниот град и околината. Господинот Флејшер вели дека генералниот правобранител, Џон Ешкрофт редовно го известува претседателот за текот на истрагата.

„Претседателот јасно му предочи на Федерланото Истражно Бири, Еф-Би-Ај и на сите агенции од федералната влада колкава е важноста од упатување федерални ресурси што би им помогнале на локалните заедници да го фатат оној кој е зад сево ова. Тоа стана дел од секојдневното брифирање на претседателот од страна на ФБИ“, истакна господинот Флејшер.

Господинот Флејшер кажа дека администрацијата нема причина да мисли дека насилството е дел од терористички напад, но бидејќи стрелецот е се уште на слобода, тој вели дека нема начин тоа со сигурност да се знае.

XS
SM
MD
LG