Овие мерки беа усвоени со огромно мнозинство гласови и во Претставничкиот дом, предводен од Републиканците и во Сенатот, кој го предводат Демократите. Сенаторот Џон Ворнер, републиканец од висок ранг во Комисијата за вооружените служби, изјави:
„Оваа резолуција му дава овластување на претседателот кое му е потребно за да се спротивстави на заканата што ја претставува Ирак“.
А главниот критичар, сенаторот од редовите на Демократите, Роберт Бирд од Западна Вирџинија, неуспешно докажуваше дека со овие мерки претседателот ќе добие премногу моќ:
„Доктрината на претседателот му дава одврзани раце да оправда речиси секаква воена акција со непоткрепени обвинувања и со ризични произволни проценки“, истакна г-динот Бирд.
Претходно претседателот Буш го поздрави усвојувањето на резолуцијата во Претставничкиот дом и го очекуваше гласањето во Сенатот, велејќи дека деновите кога Ирак дејствува како отпадничка држава се приближуваат кон крај.