Линкови за пристапност

Пентагон вршел проби со хемиски и билошки агенси - 2002-10-10


Претставниците на одделот за одбрана проценуваат дека околу 500 илјади припадници на американскиот армиски персонал учествувале во пробите на земја со смртоносни супстанци, од кои повеќето биле извршени во далечни области како Аљаска.

Но тие исто така соопштија дека неодреден број на цивили исто така можеби биле изложени на други тестови во САД во кои биле употребени безопасни, симулирани хемиски и биолошки материјали.

Сепак, властите тврдат дека пробите што биле извршени во 60-те и почетокот на 70-те години не биле со цел да се оценат ефектите од опасните агенси врз луѓе и тие велат дека никој не умрел како последица од учеството во тоа.

Наместо тоа, тие велат дека пробите биле направени за да се процени опремата за заштита заедно со воените тактики и процедури. Тие исто така велат дека властите во тоа време се надевале дека ќе дознаат повеќе за однесувањето на агенсите кои се рангираат од Сарин и гасот В-Х до различни воени бактериолошки агенси во различни климатски и еколошки услови.

Овие детали беа објавени неодамна во документите од кои е остранета ознаката доверливо, меѓу кои се наоѓаат 27 проби од Студената војна извршени под покровителство на програмата позната како Проект 112. Објавувањето на овие инфомации е реакција на загриженоста на некои американски ветерани дека можеби страдале од негативни последици од нивното учество во програмата за проби.

Претставниците на одбраната велат дека и покрај жалбите од околу 50 ветерани, не е утврдена никаква уверлива поврзаност меѓу учеството во пробите и некоја специфична болест.

Пробите биле вршени во Аљаска, Калифорнија, Флорида, Хаваи, Мериленд и Јута, како и во Порторико, Канада и Британија. Друго тестирање во кое бил вклучени многу членови на воениот персонал, било изведени на море. Пентагон во почетокот на оваа година објави дека околу пет илјади војници на американските воени бродови биле изложени на смртоносни агенси за да се одреди потенцијалната чувствителност на хемиски или биолошки напад.

Американскиот оддел на ветераните работи на тоа да стапи во контакт со сите ветерани кои биле вклучени во пробите за да ги посоветува околу здравствената заштита и бенефициите кои можеби им следуваат.

XS
SM
MD
LG