“Гласот на Америка“ донесува различни гледишта за голем број прашања. Во продолжение следува уреднички коментар што ги одразува ставовите и политиката на американската Влада.
Една од причините зошто ирачкиот лидер Садам Хусеин претставува закана за мирот во светот е што поседува оружје за масовно уништување. Тој признава дека произвел десетици илјади литри антракс и други смртоносни биолошки агенси за употреба со боевите глави Скад, со воздушни бомби и од авиони за запрашување. Инспекторите на ОН открија дека Садам исто така спроведува програма за хемиско оружје. Неговиот режим поседува резреви на Ве-икс, портокалов гас и други хемиски агенси. Тој ги обнови и ги прошири неговите објекти за хемиско оружје, со цел да произведе повеќе.
Садам не само што поседува оружје за масовно уништување, тој и го употребува. Тој изврши масовни напади со хемиско оружје кон крајот на 80-те години против курдското население во Ирак, убивајќи илјадници луѓе. Садам воено напаѓаше ирански и курдски локации со комбинација од портокалов гас и нервни агенси што беа испорачувани со бомби, ракети, и конвенционални артилериски гранати.
Според извештајот што го презентираше британскиот премиер Тони Блер, ирачката армија сега е способна да нападне со хемиско или биолошко оружје во рок од 45 минути по добивање наредба за тоа. Тој може да нареди на својата армија да нападне со биолошко или со хемиско оружје доколку вооружениот судир со САД и нивните сојузници стане неизбежен. Но на ирачките воени офицери, кои може да добијат таква наредба, САД им порачуваат: Не правете го тоа. Како што кажа престедателот Буш, „Ирачкиот режим, соочен со крајот на своето владеење, може да се обиде да преземе сурови и очајнички мерки. Ако Садам Хусеин нареди вакви мерки, препорачливо е неговите генерали да ја одбијат наредбата. Ако не одбијат, мора да разберат дека сите воени злосторници ќе бидат прогонувани и казнети“.
Светот не е под закана од ирачкиот народ, дури ниту и од ирачката армија. Тој е под закана од режимот на Садам Хусеин, кој мнозинството Ирачани ги држи во ропство. Како што кажа претседателот Буш, „Америка е пријател на ирачкиот народ“. Но армиски офицер кој ќе ја почитува очајничката наредба на Садам, кој нема што да изгуби, ќе биде во опасност да изгуби се.
Тоа беше уредничкиот коментар што ги одразува ставовите и политиката на американската Влада. Доколку имате свој коментар на него, Ве молиме испратете го на адреса:
Editorials, VOA Washington DC 20237 USA
Можете да реагирате и на адреса:
www.IBB.gov/editorials
или пак на факс: 202 619 1043