Линкови за пристапност

Уште едно убиство од непознат сторител - 2002-10-10


Полицијата во Вирџинија вели дека бараат бело комбе што наводно е видено како набрзина го напушта местото на нападот.

Сите шест жртви беа погодени со еден единствен куршум испукан од снајпер или ловечка пушка. Не постојат индикации дека жртвите меѓусебно се познавале. Досегашните балистички испитувања покажуваат дека куршумите се испукани од ист вид на оружје.

Локалните медиуми јавуваат дека во близина на местото на претходниот напад, каде во понеделникот беше повредено 13-годишното момче од Мериленд, полицијата нашла чаура од испукан куршум и Тарот-карта на која е претставена смртта, со порака на неа: Драги полицаецу, јас сум Господ.

Во Вашингтон и предградијата деновиве е забележана поголема фрекфентност на полициски патроли, а дел од училиштата работат во услови на зголемена будност.

XS
SM
MD
LG