Линкови за пристапност

Заклучоците на ЦИА не се косат со притисокот на претседателот за преземање превентивна акција против Ирак - 2002-10-10


Во проценката на ЦИА се вели дека ирачкиот лидер Садам Хусеин би се воздржал од терористички напад со конвенционално, хемиско или биолошко оружје. Меѓутоа во писмото на директорот на ЦИА, Џорџ Тенет се вели дека Садам Хусеин ќе биде, цитираме, многу поневоздржан, доколку се соочи со воена акција под американско раководство, и тогаш би можел да употреби оружје за масовно уништување, како што се наведува, одмаздувајќи се на тој начин што со себе ќе однесе голем број на жртви.

Писмото на господинот Тенет беше обелоденето за време на распитот во Конгресот од вторникот, напоредно со сведочењето на виш американски претставник на разузнавањето од еден претходен распит во Конгресот. Притоа тој вели дека постои мала веројатност дека Ирак ќе иницира напад во догледна иднина.

Порпаролот на Белата Куќа, Ари Флејшер кажа дека претседателот Буш се согласува со заклучоците на ЦИА и дека тие не се косат со неговиот притисок за преземање на превентивна акција. Тој додаде дека ЦИА исто така верува оти веројатноста Садам Хусеин да употреби оружје за масовно уништување се зголемува така, како што се зголемува неговиот арсенал. Писмото на директорот на ЦИА, содржи и цитираме, кредибилни докази дека терористите од Багдад побарале помош за набавка на оружје за масовно уништување.

Единствената личност која со сигурност знае дали Ирак ќе го употреби оружјето за масовно уништување е Садам Хусеин, вели портпаролот на Белата Куќа, и затоа тој смета дека постои голема и растечка закан од Ирак:

„Поенатата на претседателот во целата оваа ситуација е дека се зависи од одлуките на Садам Хусеин и дека довербата би требало да се базира на тоа Садам Хусеин да не го употреби она што го има“, вели господинот Флејшер.

Претседателот и вчера продолжи со образложување на потребата од превентивна акција против Ирак. Тој кажа дека САД со Садам Хусеин ќе се справат соодветно, на мирен, логичен начин, а ако треба и со примена на сила.

„Ние сме трпелива нација. Тој мора да се одлучи. Одлуката се состои во тоа дека мора го стори она што кажа дека ќе го стори. Тој рече дека нема да поседува оружје за масовно уништување и го држиме за зборот. Но, доколку не се разоружа и доколку ОН не реагираат, во име на нашата слобода, ќе ги предводиме другите земји кои ја сакаат слободата колку и ние, и ќе го разоружаме“, истакна претседателот Буш.

Обата дома во Конгресот се очекува да ја донесат резолуцијата со која се овластува претседателот Буш да употреби воена сила против Ирак, доколку увиди дека дипломатијата сама по себе не е доволна за отстранување на ирачките закани.

XS
SM
MD
LG