Линкови за пристапност

Продолжува јавната дебата околу евентуален напад врз Ирак - 2002-10-09


Шон Кејси е асистент-професор по христијанска етика на Катедрата за теологија Весли во Вашингтон. Тој вели дека теоријата за праведна војна не секогаш дозволува превентивен напад против непријателот. Затоа според него, војната треба да биде последната опција. “Се додека постојат дипломатски патишта, како на пример, доколку во Советот за безбедност на ОН се уште трае дебата по тоа прашање, тогаш сметам дека не може да се каже дека е исцрпено секое друго средство освен военото. Доколку во основа постојат голем број меѓународни фактори што се уште сакаат да разговараат и да преговараат, мислам дека претпоставката би била да се дозволи овие разговори да продолжат“, вели професорот Кејси. Свештеникот Џон Ланган, професор по философија на Универзитетот Џорџтаун, не верува дека Ирак претставува еден вид опасност што заслужува превентивен напад, но потенцира дека дозволата од ОН не е неопходна во секој случај. Тој вели:“Да се потсетиме на случајот со Косово, кога чувствувавме дека не можеме да добиеме овластување од Советот за безбедност. Мултилатералноста ја обезбедивме преку НАТО. Претседателот и позначајните западни влади треба да ја задржат слободата на маневрирање во односите со ОН.“ Робет Ројал е претседател на Институтот Вера и причина. Тој вели дека непријателски режими, како оној во Ирак што поседува оружје за масовно уништување, што продолжува да создава залихи од него и ги игнорира резолуциите на ОН една по една, претставуванов етички предизвик за светот. Но, тој вели дека САД во справувањето со Ирак ќе се соочат со најголемиот товар. “Одредени земји на некаков начин размислуваат без оптовареност, бидејќи има голем број земји кои не ќе мора да бидат вклучени во вакво нешто на никаков значаен начин. И веројатно никој освен САД нема да биде на првата линија, а тоа очигледно носи одредена одговорност за САД. Но, тоа значи дека ние исто така имаме и одредени прерогативи“. Роберт Ројал смета дека спротивно на филозофите, државниците мора да делуваат и кога етиката на одредена акција е во прашање.

XS
SM
MD
LG