Линкови за пристапност

Колин Пауел: Советот за безбедност на ОН, се поблиску до донесување на резолуцијата за поголеми овластувања на нспекторите за оружје во Ирак - 2002-10-09


Американската дипломатска офанзива за донесување нова резолуција очигледно потраа подолго од очекуваното, но господинот Пауел и неговиот портпарол сега зборуваат за, цитираме, заеднички точки во гледиштата во Советот за безбедност во врска со резолуцијата. Со неа на испекторите на ОН во Ирак ќе им се даде неограничен пристап до местата каде постои сомнеnie дека се крие оружје за масовно уништување.

Секртарот Пауел во брифингот на конгресните лидери за неговите активности во ОН, истакна дека резолуцијата што се очекува да ја усвои Конгресот, а со која би се дозволила употреба на воена сила против Ирак, дефинитивно ќе ја поткрепи неговата дипломатска активност во Њујорк.

„Војната е последниот ресурс. Но видовме што се случува доколку не сте подготвени да одите во војна – настанува прекршување на меѓународното право. Не можеме да му дозволиме на Садам Хусеин овојпат да избега, без притоа да сноси последици за продолжителните прекршувања на меѓународните обврски. Како што кажа претседателот Буш, нема да му го свртиме грбот на овој предизвик. Нема да го игнорираме овој проблем. Треба да се справиме со него, и тоа сега“, вели секретарот Пауел.

Портпаролот на Стејт департментот, Ричард Баучер вели дека освен што забележува раздвиженост во преговорите во ОН, не може да предвиди кога нацрт-резолуцијата официјално би дошла на дневен ред на Советот за безбедност.

САД се залагаат за нова резолуција на ОН со која се налага непречен пристап до објектите каде се верува дека има оружје за масовно уништување, како и употреба на сите расположиви мерки, доколку Ирак одбие да соработува.

Франција, од друга страна, се залага за донесување на две резолуции, при што би се употребила воена сила против Ирак само доколку земјата најпрвин ги отфрли поострите инспекциски правила.

Во интервјуто за меѓународните новински агенции, господинот Пауел изјави дека е загрижен дека е можно Ирак да го искористи францускиот став, како начин, цитираме, да ја фрустира вољата на меѓународната заедница. Според секретарот Пауел, САД сметаат дека опцијата една единствена резолуција е најдобар начин да се изврши ефикасен притисок врз Багдад.

XS
SM
MD
LG