Линкови за пристапност

Американскиот федерален суд со кауција ослободи еден од притворените во федераланта држава Њујорк - 2002-10-09


Со судската одредба, со која е одбиена кауција за пет од шестмината обвинети дека помагале терористичка организација, беше завршено сослушувањето што започна минатиот месец откако агентите на Федералното Истражно Биро, Еф-Би-Ај, во местото Лаквана, федералната државата Њујорк, извршија упад во наводна неактивирана ќелија на Ал-Каида.

Судијата Кенет Шредер го ослободи лицето Сахим Алван со кауција од 600 илјади долари, со образложение дека ја отфрла одговорноста за какво и да е континуирана активност во Ал-Каида. Господинот Алван, кој очигледно соработува со истражителите, призна дека учествувал во камп за обука на Ал-Каида. Но според неговиот адвокат, тој не се согласувал со екстремистите и се преправил дека е повреден, за да се врати дома.

Господинот Алван ќе мора да исполни строги услови за да не биде во затвор во текот на судењето. Тој мора да остане дома, освен кога оди на работа, или во случај на болест. Ќе биде надгледуван од сателит, мора да го предаде пасошот, неговиот имот ќе биде пребаран и може да користи телефон само за да разговара со адвокатот.

Меѓутоа, судијата, со отфрлањето на барањето за кауција од останатите петмина обвинети, согласувајќи се со обвинителите кои тврдат дека иако нема доказ дека претстоел напад, има доволно докази што сугерираат дека осомничените се опасни и претставуваат ризик. Обвинителите велат дека петмината приведени, кои се американски државјани од јеменско потекло, во 2001-та година престојувале во Пакистан заради верско образование и се вклучиле во камп за обука на Ал-Каида во Авганистан, што го посетил и Осама бин Ладен.

Овој случај е под будно око на јавноста поради интересот како Владата и судскиот систем се справуваат со наводни терористички ќелии на американски државјани. Еве што вели судијата Шредер, кој размислуваше неколку недели пред да ја донесе одлуката, за важноста да се остане во границите на американскиот Устав, во однос на прашањата на националната безбедност.

„Не можеме да го заборавиме 11-ти септември 2001, тоа се факти, тоа е историја. Но она од што треба да се чуваме е да не претераме со нашите чувства на страв, па дури да развиеме екстремна параноја до точка во која би ги занемариле нашите основни уставни принципи“, вели господинот Шредер.

Сослушувањата пред судскиот процес се очекува да почнат кон крајот на овој месец. Доколку бидат обвинети, сите шестмина можат да добијат казна затвор во траење до 15 години.

XS
SM
MD
LG