Линкови за пристапност

Светски реакции на говорот на американскиот претседател Џорџ Буш за Ирак - 2002-10-08


Ирачкиот министер за надворешни работи, Наџи Сабри вели дека говорот на господинот Буш содржел погрешни информации со кои американскиот претседател се надева дека ќе го оправда она што господинот Сабри го нарекува нелегитимен напад врз Ирак. Во неговиот говор емитуван на меѓунардоната телевизија од американскиот град Синсинати, господинот Буш тврдеше дека ирачкиот лидер Садам Хусеин би можел да развие нуклеарно оружје за помалку од една година и дека може да планира напад врз САД со хемиско и биолошко оружје. Но, тој исто така кажа дека воена операција против Ирак не е ниту итна, ниту неизбежна. А токму тоа е забелешката што ја истакнуваат официјалните претставници и од Европа и на Блискиот Исток, пред се за јавна употреба, зaшто растат стравувања во обата региони дека американскиот напад врз Ирак е нешто што секако ќе се случи. Јорданскиот министер за надворешни работи Марван Муашер вели дека тој се уште верува дека има шанса за дипломатски потези во обид да се одврати опасноста од војна. Неговиот египетски колега, Ахмед Махер, исто така го истакнува она што го кажа господинот Буш за можностите да се избегне војна. Господинот Буш исто кажа и дека за да се избегне војна, Ирак мора, покрај другото, да го елиминира и своето оружје за масовно уништување. Неговиот лојален сојузник во Европа, британскиот премиер Тони Блер, го повтори ова барање.

„Мислам дека имаме исти анализи, во основа, кои се состојат во тоа што бараме ОН јасно да ја предочат својата определба на ирачкиот режим, потоа ирачкиот режим да признае дека мора да се почитува волјата на ОН, како и дека мора да има разоружување од оружјето за масовно уништување, на хемиското, биолошкото и потенцијално нуклеарното оружје“, истакна г-динот Блер.

САД и Британија вршат притисок за донесување на нова резолуција на Советот за безбедност на ОН со која би се овозможила воена акција доколку Ирак не соработува со инспекциите за оружје на ОН. Франција, меѓутоа се противи на ваква резолуција. Но, главниот сојузник на францускиот претседател Жак Ширак, денеска кажа дека го смирило ветувањето на господинот Буш да создаде меѓународна коалиција против Ирак. Поранешниот премиер Ален Жипе кажа дека изјавата на господинот Буш дека воената акција не е ниту итна, ниту неизбежна, покажува дека Вашингтон го зема предвид и француското гледиште. Во Германија, земја која силно се спротивствавува на каков било американски напад врз Ирак, министерот за надворешни работи, Јошка Фишер не го коментираше директно говорот на господинот Буш. Но тој кажа дека Советот за безбедност мора да усвои заеднички пристап за Ирак со цел да започнат инспекциите за оружје. Тој исто така рече дека Ирак мора да им дозволи на инспекторите да ја завршат својата работа непречено и безусловно.

XS
SM
MD
LG