Линкови за пристапност

Педесет и три проценти од Американците поддржуваат копнена инвазија на Ирак - 2002-10-08


Последните испитувања на јавното мислење што ги спроведе организацијата Галуп, покажуваат дека околу 53 проценти од американското население ја поддржува копнената инвазија врз Ирак. Во јуни годинава, оваа идеја ја поддржуваше шеесет и еден процент од населението, додека во ноември бројката изнесуваше 74. Овонеделната анкета објавена на Еј-Би-Си телевизијата, покажува дека 44 проценти од Американците го поддржуваат обидот да се изнајде дипломатско решение за проблемот пред да се испратат трупи во Ирак.

Брус Гинграс од предградието на Чикаго беше меѓу оние кои го следеа обраќањето на претседателот Буш до нацијата, во понеделникот навечер, надевајќи се дека ќе се информира зошто Ирак претсатвува таков вид на закана по американската безбедност. Тој се уште не е убеден.

„Не верувам дека Садам Хусеин е вооружан со толкава количина на материјал. Понекогаш, треба да почекате се додека некој не реагира и потоа да преземете акција“, смета г-динот Гинграс.

Меѓутоа, многумина велат дека треба да се реагира токму сега. Така еден жител на Чикаго кој сакаше да остане анонимен, кажа дека ја поддржува воената акција за разоружување на Ирак и смета дека по ова прашање се води расправа доволно долго време.

XS
SM
MD
LG