Линкови за пристапност

Претставничкиот дом ја започна официјалната дебата за резолуцијата за Ирак - 2002-10-08


Поддржувачите на резолуцијата на говорот на претседателот Буш гледаат како на натамошно оправдување за Конгресот да авторизира акција против Ирак.

Републиканката Дебора Прус од Охајо вели дека господинот Буш успешно го претставил случајот во своето обраќање од понеделникот навечер.

„Ирак продолжува да претставува сериозна и непосредна закана со развивањето на оружјето за масовно уништување и со очигледниот потенцијал Ирак да го пренесе ова оружје кај терористите“, вели г-ѓа Прус.

Но, претседателот Буш се уште не ги убедил најсилните противници, како што е тексашкиот демократ Шила Џексон Ли.

„Ништо од сегашната резолуција која се разгледува не спречува унилатерален превентивен напад, што е во спротивност со меѓународното право“, смета г-ѓа Џексон Ли.

Расправата за Ирак продолжува и во Сенатот, а двата дома на Конгресот се движат кон гласање кон крајот на неделава.

XS
SM
MD
LG