Линкови за пристапност

Мала но гласна анти-воена фракција во Конгресот - 2002-10-04


На прес-конференцијата, конгресменката Џенис Шаковски излезе на подиумот со голем куп електронска пошта од нејзините гласачи. Таа е демократ од федералната држава Илиноис и не е сама меѓу пратениците кои велат дека добиваат илјадници и-меилии писма во кои од нив се бара да се спротистават на резолуцијата за Ирак. Оваа, како што ја нарекуваат анти-воена фракција во Конгресот ја сочинуваат главнодемократи од Претставничкиот дом. Меѓу нив се Дени Дејвис од Мериленд, Питер Де Фазио од Орегон и Шејла Џексон-Ли од Тексас.

„Јас сум против резолуцијата, јас сум против војна во овој момент и ќе гласам против“, вели конгресменот Дејвис.

Според конгресменот Де Фазио од Орегон пак, се се сведува на бланко чек за претседателот на САД.

„Ако продрете низ едногласноста по ова прашање, ќе увидите дека постои големо спротиставување на војната“, истакна конгресменот Ли од федерланата држава Тексас.

Меѓу најчестите аргументи на противниците на воена акција против Ирак е дека администрацијата на Буш не успеала да понуди доволно докази оти Ирак претставува итна закана. Шерод Браун, демократ од Охајо, смета дека превентивната акција против Ирка е опасно и радикално напуштање на американската воена доктрина.

„Ако решиме тоа да го сториме, ако така реши Конгресот, и така одлучи претседателот, унилатерлано да го нападне Ирак, тоа испраќа ваква порака до нашите сојузници и до другите земји ширум светот – доколку САД, светската супер-сила, членка на Советот за безбедност на ОН се подготвени да го сторат тоа, тогаш зошто не би можеле и ние?“, истакна господинот Браун.

Додека лидерите на анти-воената група во Конгресот тврдат дека добиваат поддршка, тие одбиваат да кажат со колку гласови располагаат за да се спротистават на резолуцијата за Ирак или пак, колку републиканци ќе им се придружат.

XS
SM
MD
LG