Линкови за пристапност

Меѓународен републикански институт:  економијата да биде приоритет на новата власт во Македонија - 2002-10-04


Главен говорник на собирот беше директорот на програмата на ИРИ за Македонија, Грегори Симпсон, кој пред големиот број присутни од речиси сите вашингтонски организации и институции кои имаат некаква дејност во Македонија го изрази олеснувањето што изборите минале мирно. За ангажманот на ИРИ на овие избори господинот Симпсон кажа: Прво што презедовме беше да ја спроведеме програмата за истражување на јавното мислење, а потоа тоа да го понудиме на политичките партии како средство во нивната кампања.

Важно беше да видиме што сака електоратот, вели господинот Симпсон. Од истражувањата веќе имавме сознанија дека албанското-македонската поделба не беше клучно прашање за просечниот граѓанин на Македонија.

Со оглед на тоа што голем дел од работата на ИРИ во Македонија била да им помогне на партиите да се поврзат со електоратот, да испратат пораки што ќе допрат до гласачите, господинот Симпсон вели дека било неопходно да им се укаже на партиските лидери дека посочувањето прст на друга партија дека наводно ја продала Македонија со ставањето потпис на Рамковниот договор, не е атрактивно за народот кој се грижи како да сврзе крај со крај секој месец.

Нашето искуство со други земји тоа го покажа, но за Македонија беше од одобено значење да се разбие митот за приматот на етничката политика, смета господинот Симпсон.

Со 15 екипи за мониторинг на денот на изборите, три мисии, и со над 170 средби во трите летни месеци пред изборите со политичките претставници, господинот Симспон е на мислење дека изборите биле целосно покриени. Како што се приближувал денот на гласањето, така политичките партии пореално се однесувале, имало поголем оптимизам и истражувањата на јавното мислење покажале дека вербата на луѓето во одржување на редот и мирот на изборниот ден се зголемувала. За тоа, вели господинот Симпсон, придонела јавната обука на полицајците и лицата задолжени за спроведување на изборите.

Директорот на програмата на ИРИ за Македонија смета дека СДСМ каитализирала на револтот кон ВМРО-ДПМНЕ, но дека кампањата на СДСМ била општа и невпечатлива. Тој смета дека СДСМ, за да остане подолго време на власт, треба да се концентрира на прашањата што ги засегаат сите граѓани без оглед на етничката припадност, а пред се економијата..

Со практично еднаква загриженост кај припадниците на сите заедници, спосбноста на владата да посочи на тие проблеми и да направи повеќе за Македонија во целина, е клучното прашање, тврди господинот Симпсон.

Тука тој ја наведува борбата против корупцијата, вработувањето и слично. Проблемите, вели тој, не се различни од другите земји во регионот. Во тоа, според ИРИ, лежи рецептот за подобра иднина и за перспективата на меѓуетничките односи.

XS
SM
MD
LG