Линкови за пристапност

Реакција на САД на прифаќањето на одговорноста за воени злосторства на Биљана Плавшиќ пред Хашкиот трибунал - 2002-10-04


Американските дипломати се надеваат дека изненадувачкото прифаќање на одговорноста од страна на госпоѓа Плавшиќ дополнително ќе влијае врз работата на Хашкиот суд и на побрзо предавање на останатите поранешни лидери на Владата на Босанските Срби од времето на војната кои се сметаат за одговорни за убиства на илјадници цивили во периодот од 1992 до 1995 година.

Седумдесет и две годишната госпоѓа Плавшиќ се изјасни за одговорна за сторени воени злосторства против човештвото во рамки на договорот постигнат со обвинителите, врз основа на што беа повлечени неколку други обвиненија против неа за воени злосторска, меѓу кои и за геноцид.

Нејзините бранители изјавија дека со прифаќањето на одговорноста и со изразувањето жалење за тоа, таа сака да даде какво-такво сочувство за жртвите од босанската војна, Муслимани, Хрвати и Срби. Поранешниот српски лидер ова свое изјаснување го даде на видео-снимка од непозната локација на Балканот, каде што се наоѓа на условна слобода, се до изрекувањето на казната, која може да биде доживотен затвор.

Портпаролот на Стејт Департментот, Ричард Баучер на брифинг во Вашингтон го поздрави изјаснувањето, кое е прво од страна на некој балкански лидер, изразувајќи надеж оти нејзината изјава ќе придонесе за пост-воено помирување.

Се надеваме дека нејзината покана, во нејзината писмена изјава објавена вчера до останатите лидери да се преиспитаат себе си и своето однесување, ќе наиде на одек низ поранешна Југославија и ќе ги охрабри виновните за воени злосторства на сличен начин да ја прифатат одговорноста. Ги повикуваме сите лица обвинети за воени злосторства кои се бегалци пред правдата, посебно лицата како што се Радован Караџиќ и Ратко Младиќ, да го следат примерот на госпоѓа Плавшиќ на доброволно предавање на Трибуналот, кажа господинот Баучер.

Тој посочи дека иако 23 лица по кои има потерници и натаму се на слобода, против приближно 90 лица или се водат судски постапки или тие се наоѓаат во притвор, а досега се изречени вкупно 28 обвиненија за воени злосторства.

XS
SM
MD
LG