Линкови за пристапност

Тренд: 3-Д телевизори


Тренд: 3-Д телевизори
Тренд: 3-Д телевизори

Бред и Ешли Катсујама во Њујорк официјално беа првите што купија телевизор што доловува тродимензионална претстава на компанијата Панасоник. Ешли е бремена и горда што нејзиното бебе ќе биде првото што ќе може дома да гледа филмови во 3-де, нешто што досега беше можно само во кино-салите.

Дали ова ќе биде наредниот технолошки хит? Мајк Вајт од Блумберг медиа наведува истражување на компанијата Инсајт медиа според кое продажбата на телевизори до 2015-та ќе се зголеми од сегашните 3,3 милиони на 50 милиони. Широ Китаџима од Панасоник вели дека истражување на компанијата што опфатило 100.000 Американци утврдило дека се подготвени да платат повеќе за 3-де, кога ќе добијат прилика да видат како изгледа 3-де телевизијата.

Се очекува спортските и филмските канали да бидат на чело на 3-де инвазијата на ТВ. И-Ес-Пи-Ен планира да започне со свој 3-де канал, а првите натпревари во ваква техника ќе бидат од Светското првенство во фудбал во јуни.

Со 3-де телевизорот доаѓаат и задолжителните очила. А цената? 3-де системот за забава што го купија Бред и Ешли, од Панасоник, на пример, чини ни помалку, ни повеќе, туку 3.100 долари.

XS
SM
MD
LG