Линкови за пристапност

Првичните резултати покажуваат тесна изборна трка во Ирак


Делумните резултати од ирачките парламентарни избори покажуваат дека коалицијата на премиерот Нури Ал-Малики е во тесна трка со партијата предводена од поранешниот премиер Ијад Алави.

Резултатите покажуваат дека коалицијата Законска држава предводена од Шиити, на Малики, води во две јужни, главно шиитски провинции, додека Иракија на Алави, што е секуларна партија, води во две провинции северно од Багдад.

Курдската алијанса води во северната провинција Ирбил, дел од автономниот курдистански регион.

Прелиминарните резултати до сега вклучуваат само пет од 18 провинции. За пребројувањето од Багдад сеуште нема извештај.

Коалицијата Иракија и шиитската Ирачка национална алијанса во четврток пријавија голем број наводни неправилности и побараа поголема транспарентност во процесот на пребројување на гласовите.

XS
SM
MD
LG