Малопродажбата во САД покажа растеж во февруари и покрај рекордните снежни врнежи во некои делови на државата што се очекуваше дека ќе го забават бизнисот во овој сектор.
Петочниот извештај од Одделот за трговија вели дека продажбата на мало пораснала за три десетини од процентот.
Економистите внимателно ги следат цифрите во малопродажбата бидејќи побарувачката од страна на потрошувачите е двигател на 70 проценти од американската економска активност.
Продажбата на возила е опадната, веројатно како одраз на отповикувањата на Тојота и лошото време. Надвор од таа нестабилна област , продажбата во останатиот дел на економијата доби зголемување од осум десетини од процентот.
Некои аналитичари велат дека цифрите може да значат дека потрошувачката на консументите ќе се поправи и ќе придонесе за економски растеж побрзо отколку што се очекувало.