Линкови за пристапност

Пакистан: 45 убиени во самоубиствени напади во Лахоре


Пакистанската полиција вели дека 45 лица биле убиени и околу сто други повредени во два самоубиствени напади во источниот град Лахоре.

Властите велат дека експлозиите се случиле на временско растојание од 15 секунди и имале за цел армиски возила во градот, во утринските часови во петок. Тие исто така велат дека најмалку петмина од загинатите биле војници и дека самоубиствените бомбаши оделе пешки.

Инцидентот е втор напад во Лахоре оваа недела. Од експлозија на автомобил-бомба во понеделникот беа убиени 13 лица и ранети 70 други.

Пакистански Талебан ја презеде одговорноста за тој напад. Тој го прекрши релативно мирниот период во насилствотово пакистанските градови.

Во одвоен настан, пакистански претставник вели дека во очигледно секташко насилство во јужниот град Карачи во четвртокот биле убиени пет лица.

XS
SM
MD
LG