Линкови за пристапност

Њујорк ќе плати 657 милиони долари на работниците на граунд зеро


Њујорк ќе плати 657 милиони долари на работниците на граунд зеро

Градот Њујорк се согласи да плати 657 милиони долари на илјадници работници кои работеле на спасување и расчистување кај Светскиот трговски центар по терористичките напади на 11 септември.

Официјални лица велат дека зделката ќе компензира околу 10.000 работници зависно од степенот на нивната болест.

Работниците тврдеа дека биле изложени на штетни материи кај Светскиот трговски центар и дека градот и приватните компании што ги вработиле за расчистување на урнатините на граунд зеро не ги заштитиле адекватно од заболување.

Градот тврдеше дека треба да има имунитет од одговорност во случаи кои се однесуваат на национална вонредна состојба.

Договорот мора да биде потврден од судија и од самите работници. Доколку биде потврден, тоа ќе значи крај на долгогодишните сложени судски постапки со политички набој што уследија по нападите на 11 септември.

XS
SM
MD
LG