Американскиот Оддел за сообраќај вели дека стапката на смртност во сообраќај во САД опаднала на рекордно ниско ниво во 2009.
Во соопштение од четврток агенцијата вели дека стапката на смртност опаднала од 1,25 на 1,16 загинати на 100 милиони милји минати со возило во текот на 2009, што е најниско ниво до сега забележано.
Додека стапката на загинати во сообраќај е на најниско ниво, агенцијата проектира дека целокупниот број на смртни случаи во сообраќај ќе биде 33,963 за 2009, или најниска цифра од 1954 и речиси девет проценти намалување од 2008. Агенцијата се уште собира податоци од минатата година.
Секретарот за сообраќај Реј Ла Худ кажа дека ова се убави вести, но дека и натаму гинат премногу луѓе на патиштата во државата.
Администраторот за безбедност на националните патишта Дејвид Стрикленд намалувањето на загинатите во сообраќај го смета за резултат на безбедносни кампањи, побезбедни возила, побезбедни патишта и помалку возење.