Линкови за пристапност

Стапката на невработеност во САД опаѓа


Бројот на Американци кои се пријавиле за компензација заради невработеност минатата недела опаднал за шест илјади, на цифра од 462 илјади.

Извештај објавен во четврток од Одделот за труд покажува дека пријавите за надомест заради невработеност опаѓаат за речиси една година.

Некои економисти велат дека опоравувачка економија значи дека компаниите наскоро ќе престанат со намалување на работните места и ќе почнат да вработуваат.

Тоа ќе биде добра вест за милиони невработени лица во САД зашто друга студија од приватна истражувачка група вели дека рецесијата го удвоила времето потребно за отпуштените работници да најдат друга работа.

Институтот за економска политика вели дека сега се потребни повеќе од 19 недели за наоѓање нова работа , што е огромно зголемување од осум недели колку што било потребно на почетокот на рецесијата.

XS
SM
MD
LG