Линкови за пристапност

Бајден во Тел Авив: Нема одлагање на мировните разговори


Американскиот потпретседател Џо Бајден вели дека мировните разговори меѓу Израелците и Палестинците треба да почнат веднаш и покрај контроверзниот план на Израел за изградба на 1.600 домови во окупираниот источен Ерусалим.

Зборувајќи на Универзитетот во Тел Авив на последниот ден од неговата посета на Израел и на палестинските територии, Бајден кажа дека разговорите треба да продолжат зашто, како што рече „кога напредокот се одлага, екстремистите ги експлоатираат разликите". Бајден од тука заминува за Јордан на разговори со Кралот Абдула.

Палестински претставници велат дека Израел мора да го откаже проектот за населба во Ерусалим пред да влезат во какви било разговори.

Во говор во четврток, Бајден кажа дека добил уверување од израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху дека проектот нема да започне за неколку години, што на израелските и палестинските преговарачи ќе им даде време да го решат прашањето.

XS
SM
MD
LG