Линкови за пристапност

Судир на полицијата со протестанти во Атина


Судир на полицијата со протестанти во Атина

Полицијата и протестантите во Атина се судрија за време на демонстрации против напорите на грчката влада за намалување на буџетскиот дефицит.

Некои од неколкуте илјади протестанти во главниот град фрлиле проектили во четвртокот, по што безбедносните сили употребиле солзавец.

Најмалку еден милион работници во Грција се на еднодневен штрајк, прекинувајќи ја работата на владините служби, приземјувајќи летови и затворајќи болници и училишта. Јавниот превоз е исто така запрен.

Двата најголеми синдикати на Грција повикаа на штрајк, велејќи дека владините мерки нанесуваат штета на сиромашните и ги влошуваат економските проблеми на државата.

Минатата недела Атина соопшти зголемување на даноците на промет, намалување на платите на државните службеници и замрзнување на пензиите, што заедно би заштедило 6,5 милијарди долари.

Грција се обидува да го намали буџетскиот дефицит во финансиската криза што се заканува да ја дестабилизира целата европска економија. На почетокот на годината грчкиот долг беше 13 проценти, повеќе од четири пати над лимитот поставен од Европската унија.

Грчкиот премиер Џорџ Папандреу патува на средби со лидерите на Германија, Франција и САД да добие поддршка за напорите на неговата влада во кризата.

Ниеден од домаќините на Папандреу не соопшти планиви за помагање на Грција.

XS
SM
MD
LG