Линкови за пристапност

Нова диета – прастар начин


Нова диета – прастар начин
Нова диета – прастар начин

Адвокатот од Вашингтон Роберт Килинг никогаш не се чувствувал подобро. Вели, тоа се должи на вежбањето и диетата.Секојдневно го посетува КросФит, фитнес-центар што промовира и таканаречена палеолитска диета.

Тренерот во КросФит Мелоди Филдман и сопственикот Џон Мејн објаснуваат - исхраната е базирана на тоа што јаделе луѓето пред 10.000 години, во Каменото доба.

„Се работи за непреработена природна храна: лешници, семки, овожје, зеленчук, без скроб, без шеќер, без млечни производи“, вели Филдман.

По вежбањето, Килинг си подготвува храна од Каменото доба. На ваква диета е повеќе од две години и како резултат на тоа - подобро спие, не бил болен и го надминал поривот за виококалорична храна, како пица или тестенини.

Повеќето од палеолитската диета е содржана во книгата „Омега-диета“ од Артемис Симопулос, која подвлекува дека прекумерното количество на шеќер, скроб, црвено месо, преработена храна во модерната диета е загрижувачко. Овој вид на храна е поврзан со прекумерната телесна тежина, високиот крвен притисок, срцевите заболувања и ракот.

“Јадете повеќе овошје и зеленчук, риба, дефинитивно променете го маслото за готвење; намалете ги мастите, помалку шеќер, сол. Се` може да најдете во обичен супермаркет“, препорачува Артемис.

Адвокатот од Вашингтон Роберт Килинг шеговито коментира – човекот на денешницата доволно еволуирал за да се врати на здравата диета од Каменото доба!

XS
SM
MD
LG