Линкови за пристапност

САД пријател на Грција, и во добри, и во лоши времиња


САД пријател на Грција, и во добри, и во лоши времиња
САД пријател на Грција, и во добри, и во лоши времиња

<!-- IMAGE -->

Посетата на грчкиот премиер на Вашингтон вторникот кулминираше со средбата со американскиот претседател и последователниот прием во чест на грчкиот Ден на независноста. Грчките економски проблеми и безвизниот режим на патување за грчките граѓани, според официјалните изјави, доминирале на дневен ред, а прашањето за името го покрена архиепископот на Грчката православна црква во САД Деметриос на приемот.

Јоргос Папандреу по средбата во Белата куќа изјави дека Барак Обама позитивно реагирал на неговото барање за акција против финансиските шпекуланти

кои Атина ги обвинува за тешката ситуација во која се наоѓа земјата поради тоа што наголемо купувале владини обврзници и со тоа ја зголемувале каматата.

„Чиниме се` што треба, со решителност и кредибилитет, да ја насочиме економијата на нов, оддржлив пат за иднината", рече подоцна Папандреу, на приемот во Белата куќа по повод грчкиот празник.

Одлуката за патување на грчките граѓани во САД без виза Папандреу ја нарече глас на доверба за Грција.

Обама не коментираше директно на економијата, но затоа порача: „Како што му кажав на премиерот на средбата во Овалната канцеларија - во добри или лоши времиња, Грција ќе има партнер и пријател во САД".

Папандреу ја истакна и иницијативата на Грција за членство на сите балкански држави во ЕУ до 2014-та, побара решение на кипарското прашање и најави дека ќе работи на унапредување на грчко-турските односи.

Прашањето за името го покрена архиепископот на Грчката православна црква во САД, Деметриос кој од Обама побара:

„Ја повторуваме нашата молба, изразена до Вас за време на минатогодишната прослава, за Ваша потребна интервенција за се` уште отворените прашања на унификација на Кипар и соодветно име за поранешната југословенска Република Македонија".

XS
SM
MD
LG