Линкови за пристапност

Конгресот  оддаде признание на жени-пилоти од Втората светска војна


Конгресот  оддаде признание на жени-пилоти од Втората светска војна
Конгресот  оддаде признание на жени-пилоти од Втората светска војна

Американскиот конгрес почести со највисоко цивилно признание група жени кои станаа први жени кои управувале со американски воени авиони пред повеќе од 65 години за време на Втората светска војна.

Околу 200 жени-пилоти во среда присуствуваа на церемонијата за доделување на Златен медал во Капитолот во Вашингтон.

Спикерот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси ги пофали жените за нивниот „храбар патриотизам".

Програмата за жени-пилоти била лансирана во раните 1940-ти кога САД биле соочени со недоволен број машки пилоти на борбени авиони за војната.

Тогаш биле регрутирани околу 1.000 жени волонтери да служат како цивилни пилоти. Нивната примарна мисија била да летаат на неборбени мисии во САД.

И покрај нивниот придонес на воените напори, тие останале непризнати со години. Сенаторката Барбара Микулски кажа дека наградите се во функција на исправање на грешката.

XS
SM
MD
LG