Линкови за пристапност

Обама ја носи пораката за здравствена реформа во Мисури


Американскиот претседател Барак Обама во среда ја носи својата порака за реформа на здравството во централната сојузна држава Мисури, во обид да добие јавна поддршка додека врши притисок легислативата да мине во Конгресот.

Претседателот ќе посети средно училиште, во неговото второ патување на кое зборува за реформирање на осигурителната индустрија.

Во понеделникот во источната држава Пенсилванија Обама ги обвини осигурителните компании за ставање на профитот пред пациентите.

Претседателот рече дека е време конгресот да закаже гласање по здравствената реформа, без оглед што тоа ќе донесе. За здравствената заштита тој рече дека е нешто што најтешко ги погодува семејствата, бизнисите и владата.

Опозиционите Републиканци се против планот на Обама.

XS
SM
MD
LG