Линкови за пристапност

Претседателот на Хаити во посета на Вашингтон


Американскиот претседател Барак обама и претседателот на Хаити Рен Превал во среда ќе се сретнат во Белата куќа за разговор што ќе се однесува на американската и меѓународната помош во опоравувањето и реконструкцијата на Хаити.

Превал ќе се сретне и со законодавците на Капитол Хил, во време кога клучните членови на конгресот поттикнуваат проширување на американските трговски бенефиции за да му помогнат на Хаити да го обнови текстилниот сектор.

По разговори со американската Државна секретарка Хилари Клинтон во вторникот Превал кажа дека би било голема историска грешка да се обнови главниот град на Хаити на начин како што бил пред јануарскиот земјотрес.

Превал кажа дека задачата сега е не само да се обнови Пот-о-Принс, туку да да се гради и инвестира во провинциите.

Клинтон го поттикна Хаити да одржи избори за законодавната гранка колку е можно побрзо, велејќи дека нови избори се клучни за стабилноста и легитимитетот на владата.

XS
SM
MD
LG