Линкови за пристапност

Папандреу вели Обама позитивно реагирал во однос на  оневозможување на шпекулаторите


Папандреу вели Обама позитивно реагирал во однос на  оневозможување на шпекулаторите

Грчкиот премиер Џорџ Папандреу вели дека американскиот претседател Барак Обама реагирал позитивно на неговиот повик да се засили притисокот врз шпекулаторите што тој ги обвинува за нанесување штета на грчката економија.

Во изјава по средбата со претседателот Обама во вторник во Белата куќа Папандреу кажа дека прашањето ќе биде дискутирано на самит на Групата 20 водечки и економии во подем, во јуни.

Грчкиот лидер бара поддршка и можна финансиска потпора за неговите напори да ја извлече Грција од финансиската криза што се заканува да го дестабилизира европското економско опоравување.

Шпекулаторите се инвеститори кои купуваат милијарди долари во владини меници, со што го зголемуваат интересот што мора да се плати на тие меници. Грција вели дека шпекулаторите ја принудуваат државата да позајмува пари со многу високи камати, што прави да е исклучително тешко да се отплати масивниот долг.

Премиерот Папндреу исто така се сретна и со спикерот на американскиот Претставнички дом, демократот Ненси Пелоси. Пелоси го увери грчкиот народ дека САД ќе го поддржат за време на, како што рече, тешкото време.

Претседателот Обама беше домаќин и на прием подоцна во вторник во чест на грчкиот Ден на независноста. Тој директно не зборуваше за економијата на приемот, но кажа дека Грција секогаш ќе има пријател во САД. Папандреу рече дека може да го увери Обама и грчко-американската заедница дека прави се` што може да ја насочи грчката економија на добар пат.

XS
SM
MD
LG