Линкови за пристапност

Во Вашингтон започна склучување на истополови бракови


Во Вашингтон започна склучување на истополови бракови
Во Вашингтон започна склучување на истополови бракови

Според новиот закон во главниот град на САД, Вашингтон, истополовите двојки почнаа да склучуваат брак.

Ангелиса Јанг и Синџојла Таунсенд – првата двојка што аплицираше за дозвола според новиот закон – разменија брачни ветувања во седиштето на Кампањата за човекови права, лоби група за хомосексуалци, бисексуалци и транс-полови Американци.

Церемонијата на Јанг и Таунсенд се одржа една недела откако станаа првиот истополов пар кој аплицираше за дозвола за брак. Правилата налагаат период на чекање од три работни дена пред да биде издадена дозволата за стапување во брак.

Градскиот совет на Вашингтон го усвои законот во декември. Противниците на истополовите бракови набрзо поднесоа жалба за блокирање на законот со образложение дека жителите треба да бидат во можност да гласаат за прашањето.

Локалните судови ја отфрлија жалбата, а главниот судија на Врховниот суд на САД Џон Робертс ја отфрли жалбата минатата недела.

XS
SM
MD
LG