Линкови за пристапност

Турскиот амбасадор засега не се враќа во САД


Турскиот амбасадор засега не се враќа во САД
Турскиот амбасадор засега не се враќа во САД

Турција вели дека нејзиниот амбасадор нема да се врати во Вашингтон додека Kонгресот не го разјасни своето становиште по резолуцијата за „геноцид" во која се зборува за масовно убиство на Ерменци од Отоманските Турци пред повеќе од 90 години.

Премиерот Реџеп Тајип Ердоган во вторник кажа дека прашањето може многу да им наштети на турските релации со САД. Спорот започна откако комисија на Претставничкиот дом усвои резолуција која декларира дека смртта на стотици илјади Ерменци од ерата на Првата светска војна била акт на геноцид од страна на oтоманските турски сили.

Администрацијата на претседателот Барак Обама е против резолуцијата, што нема никакво законско влијание на Белата куќа да ја обврзе на прифаќање на тој став. Претставничкиот дом во полн состав сеуште не гласал по резолуцијата.

XS
SM
MD
LG