Линкови за пристапност

САД и Русија ги продолжија разговорите за намалување на вооружувањето


САД и Русија ги продолжија разговорите за намалување на вооружувањето
САД и Русија ги продолжија разговорите за намалување на вооружувањето

САД и Русија отворија нова рунда разговори за намалување на нивните нуклеарни арсенали.

Преговарачите се сретнаа во вторник во Женева за, како што велат двете страни, конечна фаза во нивните дискусии за новиот догор за стратешко оружје.

Новата спогодба треба да го замени Договорот за намалување на стратешкото оружје од 1991, што престана да важи во декември. Договорот го ограничи бројот на нуклеарни боеви глави и носечки системи што секоја од страните ќе може да распореди.

Руските претставници велат дека сегашната рунда разговори може да заврши во Април. Американските претставници велат дека не е поставен рок.

Вашингтон и Москва преговараа за новиот договор за намалување на оружјето во текот на изминатата година.

Двете страни велат дека неколку клучни прашања остануваат нерешени, меѓу кои и верификациони процедури и руската опозиција на американските планови за одбранбен ракетен систем во Европа.

XS
SM
MD
LG