Американскиот потпретседател Џо Бајден му вети на Израел „тотална" американска определба за безбедноста додека израелски и палестински претставници се подготвуваат за започнување на индиректни мировни разговори.
Бајден зборуваше во вторник во Ерусалим по разговорите со премиерот Бенџамин Нетанјаху и претседателот Шимон Перес. Бајден е на посета на Израел и на Западниот брег што е на највисоко ниво од американска страна откако администрацијата на Обама дојде на власт пред повеќе од една година.
Американскиот потпретседател го поздрави договорот меѓу Израел и Палестинците за започнување на индиректни разговори како „момент на можност" за мировниот процес. Тој кажа дека напредок на Блискиот исток се случува кога секој знае дека САД Израел се на иста линија.
Бајден треба да се сретне со палестинскиот претседател Махмуд Абас во среда во Рамала. Палестински и израелски официјални лица во понеделник се согласија да преговараат преку американски медијатори по 14-месечен прекин на процесот. Не е соопштен датум на почеток на индиректните разговори.