Линкови за пристапност

Папандреу во Вашингтон: Како САД можат да и` помогнат на Грција?


17 Aralık: 200 bin Sterlin kefaletle serbest bırakılan WikiLeaks'in kurucusu Julian Assange Norfolk'taki Ellingham Hall dışında gazetecilere konuşurken (Paul Hackett / Reuters)
17 Aralık: 200 bin Sterlin kefaletle serbest bırakılan WikiLeaks'in kurucusu Julian Assange Norfolk'taki Ellingham Hall dışında gazetecilere konuşurken (Paul Hackett / Reuters)

Грчкиот премиер Џорџ Папандреу во вторник има средба со претседателот Барак Обама во Белата куќа со кого ќе разговара за тоа како САД можат да и` помогнат на Грција да се извлече од својата економска криза.

Папандреу се очекува да побара од Обама да работи со Групата 20 против шпекулаторите – инвеститори кои купуваат милијарди долари во владини меници, со што го зголемуваат интересот што мора да се плати на тие меници.

Грција вели дека шпекулаторите ја принудуваат државата да позајмува пари со многу високи камати, што прави да е исклучително тешко да се отплати масивниот долг.

Папандреу во говор во понеделникот кажа дека Европа и САД мора да кажат „што е многу – многу е". Тој рече дека шпекулаторите се заинтересирани за брз профит без да мислат на оние кои ја губат работата, домот и пензијата.

По средбата со Државната секретарка Хилари Клинтон Папандреу кажа дека Грција не бара спасување, туку дека сака иста камата на позајмените пари каква што имаат другите држави.

Клинтон ги пофали напорите на грчката влада што до сега се направени за справување со економските проблеми.

Таа рече дека нерегулиран финансиски пазар ги движи парите низ светот со голема брзина и може зад себе да остави различни последици.

Грција крена некои даноци и ја замрзна платата на цивилните служби да помогне во намалување на буџетскиот дефицит што беше 13 проценти на почетокот на годинава или четири пати над дозволеното во ЕУ.

Исто така во понеделник Португалија објави серија мерки за намалување на својот осумпроцентен дефицит, вклучувајќи и намалувања во армијата и социјалните трошоци, како и одлагање на плановите за железнички проект за брзи возови.

XS
SM
MD
LG