Линкови за пристапност

Тајните на молекуларната физика на интернет


Тајните на молекуларната физика на интернет
Тајните на молекуларната физика на интернет

Ви претставуваме веб-страница каде може да научите за физиката од некои луѓе кои се во првите редови на науката, а кои знаењето го претставуваат на многу приемчив начин.

„Во суштина се работи за интерактивна тура во светот на кварковите, неутроните, антиматерија, екстра димензии, темна материја како и за забрзувањето и детекторитена малите честички“, вели Мајкл Барнет, физичар од лабораторијата Лоренс Беркли од Калифорнија, кој е еден од луѓето што стои зад проектот particleadventure.org

Кога посетителите ќе појдат на веб-страницата, имаат избор како да ја почнат авантурата:

„Има три основните патишта по кои може да се водат. Првиот е стандарден модел, што е всушност теорија од тоа што знаеме сега. Има друг пат, по кој може да научите – како сме дошле до она што сега го знаеме. Конечно има правец во кој може да научите за нерешените мистерии и особено за ролјата што ја игра Големиот хадронски судирач“, вели тој.

Големиот хадронски судирач е најголем забрзувач или акцелератор на честици што физичарите го користат за да ги проучуваат најмалите познати честици и се наоѓа недалеку од Женева.

Веб-страницата е надополнувана од група физичари, но не ви е потребна Нобелова награда да се вклучите во авантурата со суб-атомските честици:

“Наша целна група првично беа средношколци, но мислам дека е и за сите кои генерално се заинтересирани за науката. Има извонреден одглас од двете групи. Има многу млади деца кои често ја посетуваат страницата“

За бесплатен и читлив материјал од светот на физиката со честиците, преведен на 15 јазици, покрај англискиот, посетете ја веб-страницата particleadventure.org

XS
SM
MD
LG