Линкови за пристапност

Тежок пат до правдата за жртвите на силување


Тежок пат до правдата за жртвите на силување
Тежок пат до правдата за жртвите на силување

Видни Браун е директор за меѓународно право и политика при Амнести интернешенал и вели дека целта била да се покаже оти има нерешени прашања со кои се соочуваат жените, во земјите во развој, но и во оние каде имаат високи оценки за еднаквоста меѓу половите“.

Во два извештаи, Амнести ги истражува случаите на силување во Камбоџа и северните европски земји како Данска, Финска, Норвешка и Шведска. Организацијата нашла дека функционирањето на правните системи варира меѓу државите и дека и во државите со високо ниво на еднаквост меѓу половите има големи јазови кои ги обесхрабруваат жените и девојчињата да бараат правда за сексуални кривични дела сторени врз нив.

Во северноевропски држави, Амнести вели дека од жените кои пријавиле на полицијата дека такво нешто се случило имаат мали шанси да стасаат до суд. Понатаму се вели дека употребата на насилство ја детерминира сериозноста на делото, наместо кршењето на женската сексуална автономност.

Браун вели дека силувањата не се голем проблем само во конфликтните региони:

„Треба да признаеме дека силувањата и сексуалното насилство има и во неконфликтни ситуации и се случуваат на дневна база кои не се земани сериозно, и дека има недостиг на политичка волја да се каже: Ова е нешто што не` засега и мора да се справиме со тоа.“

Таа вели дека истражувањето на Амнести нашло дека употребата на силувањето како средство за време на војна не покажува знаcи на намалување:

„Продолжува да се користи како тактика во војна. На тоа се гледа со жалење, но како на неизбежен дел на војната, наместо да се сфати какво влијание има врз цивилната популација“

Браун вели дека принудувањето на меѓународниот правен систем да се справи со проблемот на силување е долга битка. Таа вели дека во изминатите 17 години на правни реформи, направен е напредок во смисла на препознавање на силувањето како кривично дело. Но, таа вели дека битката во моментов е да се осигура тие закони да се имплементираат.

Годинава се навршуваат 100 години од меѓународниот ден на жената, прв пат одбележан во 1910-та а официјално санкциониран со резолуција на ОН во 1975-та.

Ова е официјален празник во 15 држави, вклучувајќи ја Кина, Украина и Виетнам.

XS
SM
MD
LG