Линкови за пристапност

Обама во финален напор за  здравствена реформа


Обама во финален напор за  здравствена реформа
Обама во финален напор за  здравствена реформа

Американскиот претседател Барак Обама го напарави последниот обид да обезбедни усвојување на неговиот предло-закон за здравствена реформа, велејќи дека предлозите за реформа на неговата администрација ќе спречат драматично зголемување на стапките на осигурување негирање на осигугување на поединци.

Обама во понеделникот кажа дека неодамнешните примери на одбивање на осигурување од страна на осигурителните компании и покачување на премиите што тие ги наплатуваат за 40 проценти ќе продолжи, освен ако конгресот не ги усвои неговите предлози на реформа на осигурувањето.

Тој кажа дека цената на здравствената грижа е една од најтешките трошоци за семејствата, бизнисите и влада.

Обама планира серија јавни настапи неделава да ја засили поддршката за неговите предлози за реформата.

Компаниите за здравствено осигурување велат дека премиите ќе бидат зголемени заради растечките цени на лекови што се добиваат на рецепт, високата цена на престој во болница и судски процеси за лошо работење.

XS
SM
MD
LG