Линкови за пристапност

Водостојбата на Охридското езеро непроменета?!


Myanmar's democracy icon Aung San Suu Kyi leaves her National League for Democracy party's headquarters on Friday, Nov.19, 2010, in Yangon, Myanmar. (AP Photo)
Myanmar's democracy icon Aung San Suu Kyi leaves her National League for Democracy party's headquarters on Friday, Nov.19, 2010, in Yangon, Myanmar. (AP Photo)

Охридското Езеро во недела беше на рекордно ниво од 694 метри надморска височина, што практично значи дека се покачи за уште еден сантиметар и беше на 25 сантиметри над максимално дозволената кота од 693,75 метри.

Надлежните служби во понеделник соопштија дека конечно, последниве 24 часа, било забележано намалување на нивото за еден сантиметар. Тоа уште повеќе ги зголеми сомневањата кај охридската, но и македонската јавност за веродостојноста на официјалните податоци кои се објавуваат. Тоа пред се` поради фактот што ова уследи по речиси два дена непрекинато врнење на дожд и снег во регионот е тешко за верување.

Сепак, денеска езерото беше мирно, без бранови што ги носат јужните струења, но охриѓани се и натаму вознемирени. Особено пештанци, како и жителите на Радожда и Калишта. И најмало разбранување ситуацијата може да ја направи драматична.Намалувањето на нивото за сантиметар, за нив не е некоја поголема утеха.

Немир создаваат и информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, според кои и утре и восреда, се очекуваат нови врнежи од снег, штодополнително ја усложнува ситуацијата.

На критичните делови на регионалниот пат Струга - Дебар се гради петметарски насип во должина од 360 метри што треба да спречи натамошно излевање на реката Црн Дрим на коловозот.

Делови од Струга денеска, поради неисчистените со децении канали, се буквално отсечени од централното градско подрачје. Жителите се жалат дека никој не пројавува интерес за нивните проблеми. Снегот што деновиве интензивно паѓа во Струга ја прави состојбата уште потешка. Заробени од сите четири страни со вода која некаде достигнува и до еден метар, тамошните луѓе велат животот за нив е тежок.

Според добрите познавачи на состојбите едно од можните решенија за конечно решавање на овој проблем што сигурно ќе се повторува и во иднина е ургентно пренасочување на реката Сатеска, од езеорото во Црн Дрим, како што било некогаш со природната патека на оваа река која инаку внесува најголеми количини вода во езерото.

XS
SM
MD
LG