Линкови за пристапност

Белгискиот премиер во посета на Македонија


Белгискиот премиер во посета на Македонија
Белгискиот премиер во посета на Македонија

Бранот на граѓани од Македонија кои побараа азил во Белгија во изминатиот месец во Скопје денеска го доведе и белгискиот премиер Ив Латерм.

Со Латерм, во Македонија доаѓа и државниот секретар за азил и имиграција Мелкиор Ватле, кој според најавите, ќе го посети липковскиот регион, од каде што има најмногу баратели на азил во Белгија.

„Во липковските села ке одиме за да им објасниме на луѓето каква е реалноста.Ситуацијата во која се наоѓаме не е добра за луѓето што се креваат да одат на пат. Не е добро за Македонија ниту пак за Белгија. Луѓето се излжани и затоа сакаме на лице место да им објасниме дека не е точно тоа што им се раскажува", вели белгискиот државен секретар Ватле.

Инаку, по зголемениот број баратели на азил од Македонија се појавија шпекулации дека е можно Европската унија да ја укине визната либерализација за македонските граѓани. Доскорешниот вицепремиер за евроинтеграции Ивица Боцевски вели дека белгиските власти ќе бараат уверување дека Македонија го препознава проблемот и дека ќе преземе конкретни чекори за да го спречи.

„Овој проблем е создаден од поединци, коишто на сметка на измачените граѓани се обидуваат да направат профит. И токму од тие причини лесно може да му се стави крај на овој проблем", вели Ивица Боцевски.

Тој вели дека степенот на толеранција на нус-појавите од проширувањето кај членките на Европската унија е сведен на минимум.

„Тоа само ќе ги зголеми пречките кои стојат меѓу Република Македонија и нејзиното целосно интегрирање во ЕУ", смета Боцевски.

Инаку белгискиот државен секртар ја отрфли можноста сега за сега да се разгледува прашањето за укинување на визната либверализација. „Не треба да се отфрла една добра одлука поради неколкумина кои злоупотребуваат и се обидуваат да зарботат", вели Ватле. Тој изрази надеж дека по денешните средби во Скопје соработката со македонските власти ке се продлабочи што ќе овозможи порблемот наскоро да биде разрешен.

Белгија ќе го преземе претседавањето на Европската унија од Шпанија на почетокот на јули.

XS
SM
MD
LG