Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс е во Кабул каде кажа дека Авганистан и меѓународните трупи имаат „тешки борби" пред нив.
Зборувајќи пред новинарите во понеделник, Гејтс ги фалеше последните успеси на НАТО, меѓу кои и преземањето на јужниот град што го држеше Талебан, Марјах. Главниот американски командант во Авганистан, генералот Стенли МекКристол, кажа дека сојузничките сили на југ постепено ќе се концентрираат во наредните месеци за обезбедување на Кандахар, клучно талебанско упориште на југот.
Генералот МекКристол кажа дека за разлика од офанзивата на Марјах, операцијата за обезбедување на Кандахар ќе биде постепена со се повеќе американски трупи кои ќе пристигнуваат во регионот. Тој не даде рокови за офанзивата велејќи само дека ќе има повеќе американски трупи во регионот во следните месеци.