Линкови за пристапност

Светот го одбележува Меѓународниот ден на жените


Светот го одбележува Меѓународниот ден на жените
Светот го одбележува Меѓународниот ден на жените

Светските лидери и меѓународните организации повикуваат на повеќе права и можности за жените со цел да се помогне во решавањето на многу од светските проблеми.

Повиците дојцоа во време кога во многу делови на светот се одбележува Меѓународниот ден на жените.

Американскиот претседател Барак Обама и првата дама Мишел Обама приредуваат прием вечерва во Белата куќа за одбележување на оваа пригода.

Организацијата за безбедност и соработка во Европа во понеделник кажа дека мир и стабилност „може единствено да бидат постигнати со жените како еднакви партнери со мажите“.

На настан минатата недела Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун кажа дека целите на светското тело не може да бидат целосно остварени доколку жените предмет на сиромаштија и дискриминација.

Денот на жените за прв пат беше празнуван во САД во 1909.

Две години подоцна, повеќе од еден милион луѓе присуствуваа на настани во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија за време на првиот Меѓународен ден на жените.

XS
SM
MD
LG