Линкови за пристапност

Силен земјотрес во источна Турција


Во силен земјотрес што погоди села во источна Турција загинаа 51 лице. Владата првично кажа дека 57 лица загинале, но подоцна ја намали цифрата на 51. Не е дадено објаснување за промената.

Земјотресот со јачина од шест степени ја погоди провинцијата Елазиг пред зори, испраќајќи ги жителите на улица.

Од потресот се паднати камени и куќи од цигли и кал и се урнаа минариња на џамии во неколку села.

Повеќе од 70 лица претрпеле повреди и се третирани во локални болници.

Турски спасувачки екипи дистрибуираа намирници за жителите и распоредија луѓе да им помогнат на заробените под урнатините.

Опсерваторијата Кандили вели дека земјотресот се случил во 4:32 часот утрината, во близина на градот Каракочан.

Тој предизвика повеќе од 20 последователни потреси и бил почувствуван во соседните провинции Дијурбакир, Тунчели и Бингол.

Турција лежи на неколку трусни линии и често има земјотреси.

XS
SM
MD
LG