Линкови за пристапност

Ирачката воена драма ги собра Оскарите


19 Ocak: Başkan Barack Obama, Amerika'ya resmi ziyarette bulunan Çin Devlet Başkanı Hu Jintao'yla Beyaz Saray'da el sıkışıyor. (Reuters/Jim Young)
19 Ocak: Başkan Barack Obama, Amerika'ya resmi ziyarette bulunan Çin Devlet Başkanı Hu Jintao'yla Beyaz Saray'da el sıkışıyor. (Reuters/Jim Young)

„Хрт Локер" беше големиот победник на доделувањето на наградите на Академијата на филмска уметност во Холивуд, во неделата навечер, кога ирачката драма доби шест Оскари, вклучувајќи го оној за најдобар филм.

Кетрин Бигелоу доби награда за најдобар режисер за „Хрт Локер". Таа е првата жена во 82-годишната историја на Оскарите што ја добила најголемата холивудска награда за режисерска работа.

„Хрт Локер" исто така доби Оскари за најдобро сценарио, најдобра филмска монтажа и најдобра монтажа на звук.

Актерот ветеран Џеф Бриџис беше награден како најдобар актер за улогата на истрошен кантри-пејач во „Крејзи Харт". Сандра Булок беше наградена како најдобра актерка за улогата на мајка на усвено дете во „Блајнд саид".

Кристофер Волтц доби награда за најдобра споредна улога како нацистички офицер во „Инглориас бастердс".

Актерката Моник доби Оскар за најдобра споредна улога играјќи мајка што го малтретира детето во драмата „Прешс", филм што исто така доби награда за најдобро адаптирано сценарио.

Научно-фантастичната епика „Аватар" доби три Оскари, за уметничка режија, кинематографија и визуелни ефекти. „Аватар" е филм што заработи најмногу пари на сите времиња.

XS
SM
MD
LG