Линкови за пристапност

Нарушен е балансот на полнење и празнење на Охридското Езеро


Нарушен е балансот на полнење и празнење на Охридското Езеро
<!-- IMAGE -->

Дождот што вчера и ноќеска непрекинато паѓаше во Охрид донесе нова драматичност околу излевањето на Охридското Езеро и поплавите од локалните водотеци. Водостојот во езерото е на вонредно високо ниво од околу 25 сантиметри над највисоката дозволена кота.

Ситуацијата е крајно неповолна пред се поради најавите кои доаѓаат од метеоролошките служби за дожд и снег во наредниве неколку денови, како и појава на ветрови.

- Водата во Пештани ги задоволува сите стандарди и нема инфекции. Во соработка со локалната самоуправа ќе се работи на отстранување на надојдената вода од шахтите, изјави Владимир Кендеровски, директор на Републикчкот завод за јавно здравје денеска во Охрид

- Нивото на езерото е е непроменето и е стабилно. Се очекува подобрување на состојбата, додаде Методија Донески, директор на Управата за водостопанство

Експертите од Хидробиолошкиот институт од Охрид, најстарата научна институција на Балканот, објавијa дека во Охридското Езеро се констатирани нови извори со голема издашност.

- Станува збор за откритија кои потврдуваат дека езерото се полни и на друг начин од подводните извори за кои знаевме, но не знаевме колкава е количината на вода која доаѓа од нив. На длабочина од 160 метри регистрирани се извори кои се со издашност како светинаумските, односно со 12-16 метри кубни во секунда, вели Зоран Спиркоски од Хидробиолошкиот институт од Охрид.

Според Спирковски тоа е потврда дека постои промена во балансот на режимот на полнење и празнење на Охридското Езеро, што може да влијае и на водостојот на езерото сметаат.

Спирковски презентираше дел од истражувањата на германски експерти за одредени тектонски промени во басенот на Охридското Езеро.

- Дното на Охридското Езеро во некои години тонело, во дадени години планините кои се околу него се издигаат или пак повторно пропаѓаат, рече Спиркоски.

Спиркоски, сепак, таквите појави не ги доведува во врска со сегашниот висок водостој на Охридското Езеро.

XS
SM
MD
LG