Линкови за пристапност

Поетот Љубомир Левчев од Бугарија е добитник на Златен венец за 2010 година


Поетот Љубомир Левчев од Бугарија е добитник на Златен венец за 2010 година
Поетот Љубомир Левчев од Бугарија е добитник на Златен венец за 2010 година

<!-- IMAGE -->

Со едногласна одлука на Управниот одбор на фестивалот Струшки вечери на поезијата, бугарскиот поет Љубомир Левчев беше избран за добитник на Златниот венец на годинашните 49 Струшки вечери на поезијата.

Во образложението на одлуката се наведува дека Левчев е еден од најголемите живи бугарски поети со неповторлив лирски опус. 75 годишниот Левчев е автор на 50 поетски книги и важи за еден од најпреведуваните и најнаградувани бугарски современи поети.

Повеќе од 60 негови поетски и прозни дела до денес се преведени во 33 земји во светот. За своето творештво добил многу признанија во Бугарија и во европските земји.

Добитник е на златен медал од Француската академија, рускиот институт „Александар Пушкин" го прогласил за „Крал на поезијата", а бил награден и од Универзитетот во Сорбона.

- Заедно со овие подготовки ние ги правиме и подготовките за идната година кога ќесе одржува и јубиејното 50-то издание на Струшките вечери на поезијата бидејќи е предвидена и спектакуларна програма, најави претседателот на Управниот одбор, Славе Ѓорѓо Димоски.

Стружани се горди што во нивниот геад се одржува ваква манифестација. Велат дека најважно е да се сочува автентичноста:

- Ја следам оваа манифестација од 1963 година. Ги следам и информациите директно од тука од Мостови како и информациите кои се пласираат по медиумите.

- Може многу да се зборува за тоа, но битно е да се сочува автентичноста. Јас се сеќавам на времето кога на браната кај мостот на поезијата на обалата се градеа сламените колиби и во нив се читаше, каде се создаваше една атмосвера на природни услови. И ако се зачуваат основните поставки, за кој се одржуваат веќе толку долго, во основа да се задржи автентичноста и да се надоградува со нови содржини кои ќе ја збогатат манифестацијата, а да не се наруши она што претставува концепција.

Годинешниве Струшки вечери ќе донесат и низа новини.

- Секоја година настојуваме да го раздвижиме фестивалот, со внесување новини кои ќебидат атрактивни и со кои сакаме да се доближиме до современиот тек на слушање и читање поезијатаи сакаме фестивалот да биде во чекор со она што е актуелно во светот.Министерството за култура го покрива фестивалот, но за сега не сме известени колку пари ќе ни бидат одобрени.За наредната јубилејна година ќе ни помогне и УНЕСКО, додава Ѓорго Димоски.

Минатата година добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата беше словенечкиот поет Томаж Шаламун.

XS
SM
MD
LG