Линкови за пристапност

Белата куќа го повикува Конгресот да не усвои резолуција за геноцид врз Ерменците


Белата куќа го повикува Конгресот да не усвои резолуција за геноцид врз Ерменците
Белата куќа го повикува Конгресот да не усвои резолуција за геноцид врз Ерменците

Белата куќа вели дека конгресна резолуција во која би стоело дека убиствата на Ерменците од страна на Отоманските Турци во Првата светска војна се геноцид може да им наштети на односите меѓу Ерменија и Турција.

Портпаролот на Белата куќа Мајк Хамер рече дека државната секретарка Хилари Клинтон разговарала со претседавачот на Комисијата за надворешни работи при

Претставничкиот дом, Хауард Берман, при што му индицирала дека понатамошната конгресна акција може да го запре напредокот за нормализацијата на односите меѓу Турција и Ерменија.

Комисијата во четврток почна дебата за необврзувачка резолуција пред да се гласа по неа. Ако биде усвоена, мерката ќе оди пред целиот Претставничкиот дом на разгледување.

Турција предупреди дека односите со САД ќе претрпат штета доколку Претставничкиот дом ја усвои резолуцијата.

Белата куќа вели дека претседателот Барак Обама разговарал со турскиот претседател Абдула Ѓул и изразил задоволство од турските напори за нормализирање на односите со Ерменија. Обама се заложил за ратификување на протоколите потпишани меѓу двете земји минатата година.

XS
SM
MD
LG