Грчката влада се обидува да излезе од економската криза со продажба на обврзници, кратење на трошоците, но во истовреме се соочува со штрајкови на работници кои се гневни на намалувањето на платите.
Официјална Атина четвртокот започна да продава обврзници во вкупна вредност од 6,8 милијарди долари, за што аналитичарите коментираат дека ќе претставува тест за инвеститорската доверба во серијата контроверзни, вонредни мерки на грчката влада за излез од ситуацијата.
Гневни работници се собраа пред Министерството за финансии, еден ден откако владиниот кабинет одобри скратување на трошоците за 6,5 милијарди долари.
Претседателот на Европската комисија Хозе Мануел Баросо даде поддршка на потегот.
Во Португалија – втората земја што е под притисок на члченовите на евро-зоната поради својот голем буџетски дефицит – работниците од јавниот сектор започнаа штрајк против владиниот план да ги замрзне платите.